Струмица имала и две жени – градончалници

Лилјана Маркова Куцулова

Дали знаевте дека од завршетокот на Втората светска војна до денеска, Струмица има променето вкупно 20 градоначалници? Интересен е податокот дека во историјата имат влезено и две жени кои  управувале со градот – Мара Минанова која била градоначалник во далечната 1946-1948, и Лилјана Маркова Куцулова која ја има водено Струмица пред две децении, од 1982-1984.strumica

Ако го земеме во предвид вкупниот број на години од мандатите на сите градоначалници до сега, просечното задржување на секој на ,,чело на градо’’ траело по 3 години. Најдолг стаж како ,,прв човек на Струмица’’ во периодот од 1944-2012 година, имал Ристо И. Стаменов кој со градот управувал седум години, од крајот на шеесетите до средината на седумдесетите, и сегашниот градоначалникт Зоран Заев кој на тоа место се наоѓа од 2005 год.

 

Comments are closed.

popup11