Беласица загуби од Кожув

Екипата на Беласица на вчерашното гостување во Гевгелија, загуби од фудбалерите на Кожув со резултат од 2:1, во натпревар од 9. коло од Втората лига Исток.

Belasica - Osogovo 23.09.2017

За Беласица тоа беше првиот сезонски пораз, додека за Кожув тоа беше петта сезонска победа.

Со овој пораз на Струмичани, Брегалница останува единствениот клуб во Втората лига Исток, кој се уште нема доживеано сезонски пораз.

Беласица со овој пораз е пласирана на втората позиција со 20 бодови, додека Кожув со 4 бода помалку е на треттата позиција. На лидерското место е Брегалница со 21 бод.

Во следното коло Беласица гостува во Кавадарци кај Тиквеш, додека Кожув е домаќин на осогово од Кочани.

Comments are closed.

  vtoro122