Академија Пандев со реми против Скопје

Фудбалерите на Академија Пандев одиграа (1:1) нерешено против екипата на Скопје, во натпревар од 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пандевци први дојдоа до водство во 38. минута од натпреварот. Овој резултат остана до крајот на првото полувреме.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-2

Во вториот дел од натпреварот, мрежите мируваа се до 84. минута, кога домаќините преку Мишевски погодија за 1:1.

Пандевци пропуштија можност да се искачат на втората позиција на табелата со што ќе имаа 2 бода повеќе од Вардарци. По оваа реми Академијата е на третата позиција со 18 бода и натпревар помалку, додека Скопје е на дното од табелата со 6 бода.

Во следното коло Академија Пандев на домашен терен го пречекува лидерот на табелата, Шкендија, додека Скопје е гостин на Ренова.

 

Comments are closed.

  vtoro122