Чеботарев им ги врачи Уверенијата на градоначалникот Јаневски и членовите на Советот на општина Струмица

Претседателот на Општинската изборна комисија, Александар Чеботарев, денеска, во салата на Советот, им ги врачи Уверенијата за избор на градоначалникот Коста Јаневски и членовите на Советот на општина Струмица.22687806_1437416519645107_8374897602844652703_n
-Локалните избори за градоначалник и членови на Советот на општина Струмица се завршени. Роковите за поднесување приговор, исто така се завршени, а немаше ниту еден приговор на изборниот резултат. Општинската изборна комисија констатира дека објавените резултати се конечни и затоа организиравме свеченост на која ги врачивме Уверенијата на избраниот градоначалник и избраните членови на Советот на општина Струмица – рече Чеботарев.22528327_1437416516311774_7947949332594643100_n
Првата конститутивна седница на Советот на општина Струмица, ќе се одржи на 24.10.2017 година (вторник) на која ќе бидат верификувани мандатите и ќе биде избран новиот претседател на Советот.22519508_1437416612978431_3500405895337197759_n

Comments are closed.

popup11