Се асфалтираше улица во населеното место Банско

Општина Струмица вчера продолжи со градежните активности во населените места. Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2017 година на општина Струмица, се асфалтираше улица во Банско во должина од 200 метри. Во текот на денешниот ден во ова населено место ќе биде асфалтирана уште една улица, а потоа асфалтирањето ќе продолжи во населеното место Водоча. Овие градежни активности се реализираат со средства од општинскиот буџет.

22491519_1435620566491369_3563133291863364026_n 22519630_1435620569824702_6892764841553332885_n

Comments are closed.

popup11