Во Струмица до 13 часот гласале 26,7 проценти

До 13 часот во Струмица, според Општинската изборна комисија, правото на глас го искористиле 26,7 проценти. Според претседателот на комисијата, Александар Чеботарев, засега гласањето се одвива мирно и без инциденти, на сите 83 избирачки места.izbori-Makedonija-7

Во општина Струмица 49.235 избирачи имаат право да го дадат својот глас за двајца кандидати за градоначалници и за две советнички листи.

Вчера, своето право на глас, можеа да го искористат 218 болни и изнемоштени лица.

Се гласа и во руралните општини во струмичкиот регион.

Comments are closed.

popup11