Орта Џамија

Локалитетот на кој денеска се наоѓа Орта Џамија било вистинско богатство за истражувачите бидејќи во него биле пронаоѓани бројни предмети од хеленистичкиот, римскиот, доцноантичкиот и средновековниот период.

Наодите од хеленистичкиот период се застапени со карактеристичните хомерски типови на мегарски чашки со претстави од Хомеровата, потоа сад со претстава на Артемида, божица на ловот, особено почитувана на овие простори, држалка на сад со претстава на Силен – шумско божество; орел и др. Наоди од римскиот период и многубројни чинии, чашки, грниња, наушници и монети. Овде е пронајден и мермерен постамент од статуа од крајот на II и почетокот на III век, со натпис: На добар час градот му постави статуа на својот патрон великиот Тибериј Клавдиј Менон, за неговата благонаклоност и квалитети.

Постојат докази  дека на местото од сегашната џамија некогаш се наоѓала христијанска црква посветена најверојатно на Пресвета Богородица, за која се говори во повелбите на српскиот владетел, Стефан Душан и византискиот владетел, Јован Кантакузин Во црквата е откриен синтронос, што укажува на епископскиот карактер на црквата.

orta2 Црквата била опожарена во XIII век по што на оваа место никнала голема средновековна некропола која била користена се до XVII век. По доаѓањето на Османлиите на Балканот, самата црква била претворена во џамија, на нејзино место била подигната џамија наречена Орта (Средна) џамија во 1613/14 година.

orta3

Comments are closed.

  vtoro122