Сте слушнале ли за Старата турска пошта во Струмица?

Старата турска пошта е музеј кој се наоѓа во Струмица, Македонија. Објектот е лоциран во стариот дел на градот во близина на локалитетот Орта џамија, на улицата “Тошо Арсов” бр. 23.

Old_turkish_post_office_in_Strumica

Постoи краток писмен запис од 1895 година во кој еден српски патописец ја опишува Старата турска пошта како комуникациски објект за поврзување на Струмица со другите градови во Македонија. Објектот бил граден во текот на 19 век, и по неговата изградба служел како пошта во времето кога овие простори биле под власта на Отоманската Империја.

Покасно овој јавен објект бил претворен во приватна куќа во која живеело семејството Арсови, а од 2005 е во сопственост на НУ Завод и Музеј во Струмица и спаѓа во ретките објекти со споменна вредност која ја обликува архитектонската визура на некогашна Струмица.

Old_turkish_post_office_in_Strumica_2

Обликуван е со приближна квадратна основа, со подрумски дел од камен, приземје и кат во бондрук систем со карактеристична вертикална геометризација. Катот има еркерно мало исфрлање само на двете страни од куќата, додека широката стреа со обликуван венец силно го нагласува кровот изведен со ориентална ќерамида.

Comments are closed.

  vtoro122