Неколку работи што не сте ги знаеле за хамбургерите

Дали ви се допаѓа вкусот на хамбургери, и покрај тоа што сите велат дека тоа не е добро за вашето здравје? Многумина од нас сакат печено мелено месо, без оглед на која генерација припаѓаме, па затоа решивме да ги споделиме сите позитивни работи што ги знаеме за овој вкусен оброк.

Хамбургерите генерално се сметат за штетна брза храна, кога ќе се земе во предвид количината на сос и масти во самиот

хамбургер, ќе видите зошто е нездраво. Како и да е, денес постојат многу видови на храна позната по целиот свет, но ништо не е прпознатливо како хамбергер, кој под истото име се продава во повеќе од 150 држави!

Како хамбургерот го добил своето име?

Некои теории тврдат дека името хамбургерот потекнува од Хамбург во Германија. Хамбургерот го измислил Луис Ласен во 1900 година. Приготвил говедско месо на скара и го послужил во две парчиња тост, и така полека, е оформен денешниот хамбургер.

Најголемиот хамбургер на светот е направен во Лас Вегас, наречен „Quadruple Bypass Burger“. Запишан во Гинисовата книга на рекорди како најкалоричниот хамбургер во историјата.

hamburger

За време на Втората светска војна, Владата на САД сакале да го сменат името на хамбургерот. Тие се обиделе да го преименуваат во „liberty sandwiches“, но сепак не успеале.

Дали знаевте дека кралот на рокенролот, Елвис Присли бил голем обожавател на хамбургери? Се вели дека за време на турнеја ги посетувал сите продавачи на хамбургери.

Comments are closed.

Capture