Заев од Струмица: Струмица ќе биде модерен град поврзан со светот

Карванот на коалицијата „За живот во Македонија“ синоќа оддржа митинг во Струмица на кој лидерот на СДСМ Зоран Заев најави отворање на посебна паралелна сообраќајна лента на Валандовско брдо, каде во иднина ќе има целосно двојно насочен сообраќај што градот директно ќе се поврзе со автопатот.DSC_0194

– Почнуваме со експресното решение на делницата Штип-Радовиш што ќе се надоврзе на новото решение Радовиш-Струмица. Директно го правиме брзиот пат од Струмица до бугарска граница, а работиме и на новата проектна документација за автопатско поврзување Струмица-Велјуса-Удово. Струмица ќе биде модерен град поврзан со светот со одлични перспективи, рече Заев.

-Сакаме преку ефективна децентрализација да ги оспособиме општините, да им ги дадеме сите алатки за да може да работат во интерес на граѓаните. Заврши времето кога општина Струмица беше заборавена и малтретирана од поранешната режимска власт. За Струмица и струмичани доаѓа ново времена сериозна поддршка и помош од централната власт. Ајде Струмицо, радувај се, си замина твојата лоша маќеа, повторно имаш мајка која ќе ти помага, ќе те чува и ќе ти го надомести сето она што неправедно ти беше одземено сиве овие години, рече Заев.DSC_0172

Тој побара голема победа во Струмица за, како што рече, со гордост да кажува дека Струмица беше, е и ќе остане духот на слободата, гнездото на храброста и барометар на перспективите во Македонија.DSC_0220

 

 

Comments are closed.

maski1