„Златна петорка” освои Гран при за најдобар игран филм во Америка

На есенското издание на 36. Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка”, во режија на Горан Тренчовски, освои Гран при за најдобар игран филм. Претходно филмот го вреднуваше 15-члена комисија составена од академици, професионалци и новинари, кои од вкупно 377 наслови од целиот свет го вброија  меѓу 17 финалисти. Вчера, пак, по завршувањето на натпреварувачката програма, организаторите официјално ја соопштија конечната одлука за наградените. 
GRAND_PRIZE (1)Ова е наедно и 7-ма меѓународна награда за екипата на „Златна петорка”, која не успеа да го помине филтерот од Македонија за номинација за Оскар како филм од неанглиско говорно подрачје.
Филмската дистрибуција на „Златна петорка” продолжува и понатаму, како на странските фестивали така и во киномрежата низ Македонија.

Comments are closed.

maski1