Струмички камион се преврте кај ,,Валандовско брдо”

Сообраќајот на патниот правец Струмица-Валандово, кај Валандовско брдо, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информира АМСМ.

133282230-1Утрово камион со струмички регистарски таблички утрово се преврте на Валандовско Брдо, при што e повреден  возачот.

Според информациите од СВР Струмица, „сообраќајката“ се случила во 6.45 часот на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувал камион мерцедес со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не побарал лекарска помош.

Comments are closed.

maski1