СПОДЕЛУВАЈТЕ! Исчезна 39 годишна жена од Струмица

Жулиета Максудова, триесет и деветгодишна струмичанка, исчезната е од вчера.zena-sr-640x450

Последен пат ја видел нејзиниот брат, вработен во ,,Охридска банка’’ во Струмица вчера, околу 11:30 часот, кога дошла да подигне 6.000 денари.

„Апелирам до сите кои што имаат било каква информација за сестра ми, веднаш да се јават во полиција или пак на мојот број. Сестра ми има здравствени проблеми, и според моја претпоставка, замината е на некоја клиника, најверојатно во Скопје, да си побара помош. Вчера, таа дојде во банката во која што работам, подигна 6.000 денари, под образложение дека и требаат да си купи нова гaрдероба. Но, откако не се врати дома, и алармиравме за нејзиното исчезнување, струмичани кои вчера биле во Скопје ми јавија дека ја забележале во Аеродром, некаде околу 16:30 часот. Токму поради тоа, претпоставуваме дека сеуште се наоѓа во Скопје’’ – вели во телефонски разговор нејзиниот брат.

Сите кои што имат информација за исчезнатата жена, можат да го контактираат на телефонскиот број 072 215 490 или пак да се јават во полиција.

 

 

 

\

 

 

 

 

извор. НОВА.мк

Comments are closed.

maski1