Која е приказната која се крие позади село Ангелци?

Ангелци е стара населба распослана на левата страна од патот Струмица – Штип. Во почетокот селото било мало. Кога дошле османлиите во овој крај, населбата имала околу 18 куќи. Тогаш низ селото поминала голема турска војка. Поминувајќи низ таму, водичот на аксерот, офицерот Забит забележал една многу убава девојка. Селската убавица се викала Ангелина, а офицерот ја викал Ангелца. Уште тогаш рекол:

-          Ќе ја земам оваа девојка за син ми! Ама лична каурка! Мерак да го фати човек и на моиве години!

Селаните му рекле на офицерот:

-          Ама, ефенди, девојката е свршена!

-          Ссс, бре! Убавицата сакам снаа да ми биде. И толку. Ќе се вратам по неа – одговорил офицерот.

angelci

Кога аскерот заминал од селото, селаните ја сокриле девојката Ангелина. Со нејзината убавина целото село се гордеело и не сакале да ја дадат за синот на насилник. Кога офицерот Забит повторно се вратил во селото, овојпат со намера да ја грабне Ангелина, селаните се обиделе да го излажат и му рекле:

-          Ангелина побегна со едно момче од едно планинско село!

Арно ама, злонамерниот офицер не им поверувал и им се заканил на селаните:

-          Доведете ја селската убавица пред мене оти лошо ви се пишува! Знаете оти можам сите до еден да ве истепам и да ви го запалам селото.

angelci 1

Кога офицерот видел дека селаните немат намера да ја дадат убавицата, па им наредил на војниците да го претресат селото. Војниците внимателно ја претресле секоја куќа. Најпосле ја нашле девојката. Иако родителите се спротиставувале на насилникот, офицерот ја качил девојката пред себе на коњот и заминал од селото. Грабнатата девојка ја подарил на син му  во Истанбул како спомен од неговиот освојувачки поход во тој дел на Македонија.

Селаните долго време се сеќавале на тој немил настан и тагувале за убавицата Ангелина, односно Ангелца како што ја викал офицерот. Според народната легенда, во знак на сеќавање на селската убавица, селото било наречено Ангелци.

angelci 3 angelci 4

Comments are closed.

maski1