Костадинов им го честиташе приемот на првачињата во „Детската организација“

Првачињата од основните општински училишта, денеска, свечено беа примени во „Детската организација“. Во нивна чест беше организирана богата програма, на која што свечениот прием на првачињата им го честиташе вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.21761477_1425406954179397_2844569384757938547_n

-Собравме овде на топлината да ви возвратиме со топлина, на светлината да ви возвратиме со светлина, на љубовта да ви вратиме со љубов. Се собравме овде во ваша чест и во чест на денот денешен, бидејќи вие овој ден го заслужувате.
За сосема кус временски период вам ви се случуваат два дена кои се паметат цел живот. Еден од тие два дена е секако 4. септември, денот кога за прв пат седнавте во училишните клупи, а вториот ден е токму денешниов, кога сите вие станувате дел од најмасовната организација во светот. 22195997_1425407227512703_2421639574510683188_n
Имено, во рамките на „Детската недела“ што деновиве се одбележува како низ сите делови на светот така и кај нас, вие како нови првачиња, од денес станувате членови на „Детската организација“.
Тоа не е само најмасовната светска организација, туку е и најдобрата и најчистата организација на нашата планета. според добрината што вие ја носите во вашите срца и според чистотата на вашите детски души. Бидете среќни што сте деца. Бидете горди што сте дел од ,,Детската организација,, и бидете свесни дека вие имате свои права кои мора да се почитуваат. Тие ваши права се пропишани со еден важен документ донесен во Обединетите нации кој се вика „Декларација за правата на детето“. 22008328_1425406950846064_2302770796000415231_n
Долг е списокот на вашите права што ги содржи таа декларација, но во оваа прилика вреди да се истакнат неколку од нив. Тоа се: правото на образование, правото на сопствено мислење, правото на здравствена заштита, правото на дом и семејство, правото на слободно време и игра и многу, многу други. Тие ваши права се наша должност и наша обврска.
Ние возрасните мора да ги почитуваме тие ваши права и да создадеме услови за нивно исполнување, затоа што вие сте нашата гордост и радост, затоа што вие сте нашата иднина, затоа што светот останува на децата.
На крајот, ви го честитам приемот во „Детската организација“ и ви посакувам среќно и безгрижно детство, рече Костадинов.22196077_1425407240846035_623816257379702928_n 22196153_1425407457512680_7973962850491732316_n 22196236_1425407454179347_958909402518895559_n 22196273_1425407237512702_8815642106048511464_n 22221894_1425406947512731_6373573403426973579_n 22228434_1425407440846015_1200856429564646752_n

Comments are closed.

maski1