ЈАНЕВСКИ; Ќе градиме Општина по ваша мерка и во ваш интерес

Прес на Коста Јаневски, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ и Коалицијата.

DSC_1945 (3)Почитувани струмичани,

Градскиот парк е нашата гордост Тој во изминатите години прерасна во вистинско место за уживање и рекреација.

Во сета оваа прекрасна околина со езерцето, стадионот и спортските терени, продолжуваме со реализација и остварување на сите останати потреби за овој простор да функционира беспрекорно.

Зад стариот објект на АТШ Берово, ќе изградиме функционална целина која ќе биде покриена со ридест зелен појас, со пешачки, велосипедски и скејт патеки и паркинг за посетителите на градскиот парк.

Останатиот простор ќе биде хортикултурно уреден каде што е предвидено да бидат поставени клупи и куќарки како видиковец, патеки за трчање и дел за пикник, со посебна локација за парк за миленици, простор за картинг и многу други содржини кои дополнително ќе го разубават и ќе му дадат живост на СРЦЕТО НА СТРУМИЦА.

Целиот простор ќе се преуреди со парковско зеленило и дополнителна урбана опрема каде граѓаните ќе имаат можност да одмараат и рекреираат во слободното време.

Системот за паметно осветлување во градот Струмица за прв пат ќе биде имплементиран во овој дел од градскиот парк

Тоа ќе го направиме преку посебни единици кои ќе бидат интегрирани во постоечкиот систем за јавно осветлување, а ќе овозможуваат заштита на животната средина и заштеда на енергија.

Поради актуелниот и забрзан развој на градот во делот кај Касарната, во наредните четири години најголем акцент ќе ставиме на изградба на нова патна инфраструктура.

Ќе изградиме ново булеварско решение кое ќе го поврзува градското јадро покрај Светиилискиот канал, кое граничи со новиот урбан простор на Касарната, и Софилар,преку кој ќе се одвива комплетна собраќајна поврзаност  продолжувајќи кон населеното место Добрејци.

Почитувани граѓани,

 

Ќе градиме Општина по ваша мерка и во ваш интерес.

 

Носиме ЖИВОТ ВО СТРУМИЦА, ЗА СИТЕ!

Comments are closed.

maski1