Советот на Општина Струмица ќе ја одржи 58-та седница во понеделник

Советот на општина Струмица в понеделник (09.10.2017  година) со почеток во 11 часот во домот на АРМ ќе ја одржи 58-та седница со следниот дневен ред:совет

  1. Предлог – Одлука за пренесување на користењето и управувањето со фекалниот канализационен систем во населено место Добрејци;
  2. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7697 и дел од КП бр. 7689/1 КО Струмица;
  3. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 1275 КО Струмица;
  4. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2342/1, 2342/21, 2342/23 и 2342/24 КО Муртино вон г.р.;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица; и
  6. Извештај  за работењето на ЈПЕД „Струмица гас“ за првото полугодие  од 01. 01 до 30.06. 2017 година.

Comments are closed.

maski1