ЈАНЕВСКИ: Ќе ги враќаме парите кај граѓаните и ќе отвориме можности за сите

Прес на Коста Јаневски, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ и Коалицијата.

DSC_1563Почитувани граѓани,

 

Јас ја сакам Струмица, исто колку и ВИЕ. Затоа не ми е сеедно во каква Општина ќе живеам и дали ТУКА, или, преку интернет ќе ги гледам моите внуци.

 

Како човек и како професионалец, приоритет ми беше вашето здравје, како Градоначалник, мој приоритет ќе биде вашиот живот во НАШАТА ОПШТИНА.  ЈАС и ВИЕ да живееме убаво, со нашите деца и внуци.

 

Во изминатите 12 години покажавме и докажавме како се работи. Продолжуваме посветено и одговорно.

 

Ќе ги враќаме парите кај граѓаните и ќе отвориме можности за сите.

 

Ќе вложуваме во локалниот економски развој. Нудиме директна поддршка за домашните фирми, пред се за малите и средните претпријатија.

 

Обезбедуваме еднакви услови за домашните и за странските инвеститори.

 

Приоритетите на општината ќе ги правиме заедно со бизнис заедницата. Преку бизнис форуми ќе го проектираме и следиме локалниот економски развој.

 

Младите, се нашиот приоритет. Да ги задржиме тука и да им обезбедиме достоинствен живот.

 

Ќе посредуваме при вработување на едуцирани млади во бизнис секторот со ангажман од 6 месеци.

 

Преку стимулативни мерки за компаниите, ќе овозможиме вработување на млади лица на возраст од 18-29 години.

 

Ќе ги поддржиме старт ап бизнисите за млади, чија главна цел е да се поттикне претприемништвото и да се овозможат одржливи вработувања.

 

Со вложувањето во локалниот економски развој, обезбедуваме повеќе пари за ОПШТИНАТА и пак ги враќаме кај вас.

 

Преку проекти и решавање на проблеми чии приоритети заедно ќе ги утврдуваме. Затоа што НИЕ ќе го слушаме ВАШИОТ ГЛАС.  За нас ЖИВОТОТ на секој од ВАС е ВАЖЕН.

 

Почитувани граѓани,

 

Искористете ја можноста која што ви ја нудиме. За МОЈАТА, за ВАШАТА општина, изберете го бројот 19.

 

Тој носи, ЖИВОТ ВО СТРУМИЦА ЗА СИТЕ!

 


 

Comments are closed.

maski1