Село Смолари – живописен дар од Бога

Село Смолари се наоѓа во северното шумовито подножје на Беласица, наречено Подгор, оддалечено околу 25 километри од Струмица. Селото е познато по своите природни реткости, особено по фасцинантниот смоларски водопад на реката Ломница, како и по богатството со природни извори на кристално бистра планинска вода.

b.pejcinkov panoramio

Преданијата велат дека името „Смолари” (Смоларе) е изведено од зборот „смолар” што значи „човек кој се занимава со собирање на смола”.

Смолари е надалеку познат по својот живописен водопад висок 39.5 метра. Последните мерења покажаа дека Смоларскиот водопад е највисокиот водопад во Република Македонија. Изворот на реката Ломница или Смоларска Река го нарекуваат „Казан”.

66238745

На дното на водопадот се наоѓа таканаречена „Маркова Нога” во вид на коњска стапка што потсетува на ногата на Шарец, коњот на Крали Марко. Легендата вели дека македонскиот крал Марко честопати доаѓал во пределите на Беласица. Тој понекогаш престојувал покрај подгорските водопади. Еден ден од еден врв на Беласица се спуштил на смоларскиот водопад. Таму времето го поминал со своите болјари и со коњот Шарец кој оставил стапка од копитото токму на местото каде што паѓа водата. Тоа место, според легендата, денес го викаат „Маркова Нога”.

Смоларчани се гостопримливи луѓе и добри верници. Нивните куќи секогаш се отворени за сите љубопитни посетители на Смоларскиот водопад – живописниот божји дар на природата.

nakka-smolarski-vodopadi-makedonija

25849872 29998645 55911475 56814320

 

Comments are closed.

  vtoro122