Започна одбележувањето на Детската недела во Струмица

Во организација на домот за деца и млади „Благој Мучето“, а со поддршка на општина Струмица започна одбележувањето на Детската недела во Струмица, која годинава се одржува под мотото „Во нашиот свет сите сме еднакви“. 22089827_1422555107797915_1939108556884745254_nПрвата активност од одбележувањето беше цртањето во природа кое што се реализираше пред домот на АРМ во кое учествуваа ученици од основните општински училишта. Соред информациите од Светлана Мазгалоска Вучетиќ од домот за деца и млади „Благој Мучето“, одбележувањето на Детската недела ќе продолжи со приемот на првачињата во Детската организација на шестти окотомври во центарот за култура „Антон Панов“, а ќе биде распишан литературен и ликовен конкурс на тема „Во нашиот свет сите сме еднакви“.22154504_1422555217797904_7578425695733986692_n

Comments are closed.

maski1