Дали знаете како настанало името на селото Вељуса?

Селото Вељуса се наоѓа во подножјето на планината Еленица, околу 10 километри северно од Струмица. Едно предание од подалечното минато говори дека селото Вељуса порано се наоѓало во полето, околу 3 километри југоисточно од денешната положба и се викало СЕЛИШТЕ. Арно ама, земјиштето таму било песокливо, безводно и трнливо и полно со змии. Поради неповолните услови и змиите отровници, селаните морале да се преселат 3 километри кон северозапад, каде што основале нова населба која ја нарекле ЧИФЛИК. Меѓутоа, тука пак, немало вода за пиење и повторно морале да се преселат еден километар кон подножјето на планината Еленица, на денешната местоположба. Новооснованата населба ја нарекле ВЕЉУСА.

veljusa-veliusa-1

Селото Вељуса било познато уште во одамнешни времиња по манастираот „Света Богородица – Елеуса”. Легендата вели дека од зборот „ЕЛЕУСА”, во значење „милостива”, селото го добило своето име ВЕЉУСА. Според преданијата, во одамнешни времиња во околината на селото Вељуса имало многу стебла од маслинови врби. Се смета дека според нив селото го добило своето денешно име, зашто грчкиот збор „ЕЛЕА” значи маслинка.

32237234 46443209 veljusa3

800px-Евангелско_Методистичка_Црква_во_Вељуса-01

Comments are closed.

maski1