Во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино реализирана заедничка активност од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

Во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци, учениците од ООУ „Маршал Тито“ во село Муртино, реализираа програмска активност планирана за секцијата по физичко и здравствено образование. Активноста наречена „штафети во колони“, опфати повеќе елементи на заедничка тимска работа, работа во групи, меѓусебна соработка, дружење и учењеедни од други. 20663925_1422537324466360_1688139615647092169_nТоа придонесе да се споделат нови искуства и да се навлезе во креативните спортски содржини, вежби и игри кои физички го активираат локомоторниот апарат и директно влијаат врз правилниот раст и развој на ученикот, ја подобруваат неговата физичка способност и здравјето и го потикнуваат на здравиот начин на живот. Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во спортските игри. Општина Струмица, како партнер во овој проект, продолжува со поддршка на активностите од заеднички интерес. Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со БРО-Скопје.22089682_1422537464466346_2714993811396100411_n

Comments are closed.

maski1