Во кои хороскопски знаци се крие вашата сродна душа?

Секоја љубовна врска е различна, со свои позитивни и негативни страни, но изгледа кај некои парови работите се одвиваат многу полесно отколку кај други. Според астролозите, станува збор за љубовната компатибилност помеѓу самите знаци. Па, во кои знаци се крие вашата сродна душа?horoskop1

Овен: Водолија, Лав, Близнаци и Стрелец

Овенот и Водолијата можат да имаат несогласувања, но помеѓу нив има огромна привлечност. Тие подеднакво ја сакаат независноста, додека проблемите настануваат ако Овенот сака да доминира. Активноста и авантурата ги поврзува со Близнаците, па токму затоа и одлично се надополнуваат. Но, љубомората на Овенот може да создаде проблем. Ексцентричноста, страста како и хуморот се карактеристики кои ги поврзуваат Овенот и Лавот. Нивните караници често служат како предигра, додека бракот им е стабилен. Со Стрелецот можат да развијат огромна љубов, но поради натпреварувачкиот дух мора да научат како да прават компромиси.

Бик: Рак, Девица, Јарец и Риби

Бикот и Ракот се многу компатибилни, па затоа и уживаат во својата љубов тивко, но постојано. Проблеми скоро и да немаат, сè додека помеѓу нив постои привлечност. Со Девицата до израз им доаѓа романтиката, како и заедничките проекти, но можат да се појават проблеми доколку Бикот загуби интерес. Јарецот и Бикот се скоро совршен пар, бидејќи делат слични вредности. Проблемите настануваат кога се појавува рутина. Биковите се многу различни од Рибите, но тоа ги привлекува, а проблемите се појавуваат кога не комуницираат доволно.

Близнаци: Лав, Овен, Водолија и Вага

Близнаците и Лавовите доживуваат голема страст, романтика и многу уживања, но можат да се појават несогласувања доколку на Близнакот му досади да го толерира Лавот. Со Овните ги поврзува голема хемија, но може да настане проблем доколку Близнаците не им дозволуваат на да водат. Ако постигнат компромис, тие имаат долга иднина. Со Вагите одлично се согласуваат, овозможувајќи им слобода и поддршка, но работите нема да бидат толку добри доколку настане губење на довербата. Водолијата ги привлекува поради својата спонтаност. И покрај тоа што сексот им е одличен, тие многу често се караат.

Рак: Скорпија, Риби, Бик и Девица

Раковите и Биковите одлично се согласуваат и имаат шанси за долготраен однос исполнет со многу љубов. Нивната врска може да биде загрозена доколку настане неверство. Со Скорпијата одлично се надополнуваат, но можат да настанат проблеми доколку Ракот е премногу чувствителен и врзан, а Скорпијата груба. Девиците им овозможуваат емоционална сигурност и голема љубов, но треба да внимаваат на тој начин да не го изгубат сопственото „јас“. Со Рибите имаат многу турбуленции, но ако ги надминат караниците помеѓу нив ќе се развие голема страст.

Лав: Овен, Близнаци, Стрелец и Вага

Лавовите и Овните се поврзани преку ексцентричноста и страста, како и хуморот. Нивните караници им се како предигра, додека бракот им е стабилен. Со Близнаците доживуваат голема страст, романса и уживање, но проблемите се појавуваат ако тие престанат да ги толерираат. Со Вагата имаат комплициран однос, но истовремено и многу страстен и забавен, кој не може да трае доколку постои љубомора од двете страни. Во односот со Стрелецот тие се поврзани со почитување и лојалност, па затоа и имаат големи шанси за стабилен брак.

Девица: Бик, Јарец, Скорпија и Рак

Девиците и Биковите се поврзани со практичност, романтика и животен стил. Проблемите можат да се појават доколку Бикот изгуби интерес поради перфекционизмот на Девицата. Со Јарецот имаат можност за идеална врска, со стабилен и исполнет однос доколку не се обидуваат постојано да доминираат еден врз друг. Со Раковите можат да доживеат голема емоционална сигурност и љубов, но треба да внимаваат да не го изгубат сопственото „јас“. Со Скорпијата имаат необјаснива поврзаност, но можат да се појават несогласувања доколку Девицата не пристанува на компромиси.

Вага: Близнаци, Лав, Водолија и Стрелец

Вагата и Близнаците одлично се сложуваат, бидејќи тие си овозможуваат меѓусебна слобода и поддршка. Нивната врска ќе напредува сè додека тие имаат доверба еден во друг. Со Лавот имаат комплициран однос, кој истовремено е и страстен и забавен, но може да им се појаваат проблеми под влијание на љубомората. Вагата и Стрелецот имаат непредвидлив однос, па токму затоа и многу се забавуваат. Тие лесно комуницираат и скоро и да немаат проблеми. Со Водолијата имаат турбулентна врска, во која уживаат, но постојано се на работ од раскинување. Сепак тоа не ги спречува да престанат да се трудат.

Скорпија: Рак, Девица, Јарец и Риби

Скорпиите и Раковите одлично се надополнуваат, но можат да настанат проблеми доколку Ракот е премногу чувствителен и врзан, додека Скорпијата е груба. Со Девиците имаат необјаснива поврзаност, која може да биде нарушена доколку не прифаќаат компромиси. Со Јарците имаат сексуална, како и интелектуална врска, додека пак бракот многу често им е успешен. Можат да настанат несогласувања само доколку Скорпијата ги изневери. Со Рибите се многу различни, но со доволно разговор и труд тие можат да создадат одлична врска.

Стрелец: Овен, Лав, Водолија и Вага

Со Овните ги поврзува силна физичка и емоционална врска, како и заеднички интереси, но нивниот натпреварувачки дух може многу лошо да им влијае. Во односот со Лавовите, тие имаат силна почит и лојалност, па токму затоа и имаат големи шанси за стабилен брак. Стрелците и Вагите меѓусебно се разбираат и многу се трудат, па токму затоа и нивниот однос може да биде пример за другите. Водолијата ќе го смири Стрелецот и со страст ќе го води низ животот, но сè ќе тргне наопаку доколку ја изгубат довербата.

Јарец: Бик, Девица, Скорпија и Риби

Јарците и Биковите се скоро совршен пар бидејќи делат слични вредности. Помеѓу нив може да настане голем проблем доколку влезат во рутина. Со Девицата имаат скоро идеална врска бидејќи односот им е стабилен и исполнет. Може да настане проблем поради борбата за доминација. Со Скорпиите имаат одлична сексуална, како и интелектуална врска, па затоа и бракот најчесто им е многу успешен. Јарците и Рибите се надополнуваат со своите спротивности, па затоа и се добар пар.

Водолија: Овен, Близнаци, Вага и Стрелец

Водолијата и Овенот имаат слаби страни, но ги поврзува неверојатна привлечност. Тие сакаат независност, па затоа можат да им се појават проблеми доколку Овенот сака да доминира. Со Близнаците имаат ист менталитет и однос исполнет со многу хемија, како и караници. Со Вагите имаат турбулентна врска, исполнета со многу уживања. Дури и покрај тоа што често се на работ на раскинување, тие се верни и упорни. Водолиите знаат како да ги смират Стрелците, но помеѓу нив може да се појави голем проблем доколку ја изгубат довербата.

Риби: Бик, Рак, Јарец и Скорпија

Рибите се многу различни од Биковите, но токму тоа многу ги привлекува. Тие имаат проблеми само доколку не комуницираат доволно. Односот со Ракот им е многу турбулентен, но ако ги надминат караниците можат да имаат одлична врска. Со Скорпијата имаат страствена врска, која може да напредува со многу разговор и труд. Рибите и Јарците се надополнуваат со своите разлики, па затоа и имаат успешен брак.

Comments are closed.

maski1