ЈАНЕВСКИ: Ќе ги користиме европските фондови и ќе ја градиме нашата Струмица.

Прес на кандидатот за градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.

slikaПочитувани струмичани,

Се наоѓам пред Пречистителната станица за отпадни води кај селото Сачево. Тука сум поради две причини.

Првата, да ви покажам како вистински се сака Струмица. Со дела, како овој проект.

Втората, дека и кога се нема сопствени средства, а се има желба да се решаваат крупни проблеми на граѓаните, можат да се најдат. Тука се вложени 6,9 милиони евра, средства од Европската унија.

Ние ВАКА ќе работиме. Ќе ги користиме европските фондови и ќе ја градиме нашата Струмица.

Пречистителната станица е потврда за нашата грижа кон животната средина и здравјето на граѓаните. Таа ќе ги третира отпадните води од градот, населените места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Муртино, Просениково и индустриските зони кои гравитираат кон Струмица. Градена е по европски терк.

Почитувани граѓани,

Вашето здравје ќе биде наш приоритет.

Ќе обезбедиме редовно и квалитетно водоснабдување за сите.

Ќе ги зголемуваме зелените површини и ќе ја намалиме загаденоста преку проектот ЗЕЛЕНИ ЅИДОВИ И ПОКРИВИ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ. Секој новоизграден зелен покрив на станбени куќи и згради ќе биде ослободен од надоместокот за комуналии.

Ќе ги субвенционираме трошоците за изградба за енергетско ефикасни фасади на колективни станбени згради со најмногу 80 проценти од вредноста на инвестицијата со општински средства.

Ќе поставиме подземни контејнери во централното градско подрачје за селекција на отпадот. Ќе ги уредиме Светиилијскиот и каналот Крушевска Република.

Преку проектот Градски парк – срцето на Струмица ќе ги зголемиме зелените површини и хортикултурното уредување зад стариот објект на АТШ Берово.

Ќе градиме и обезбедуваме ЗДРАВ ЖИВОТ ЗА СИТЕ ВО СТРУМИЦА!

Comments are closed.

maski1