ЈАНЕВСКИ: Најголем акцент ќе ставиме на решавање на пристапните влезови во градот

Прес на Коста Јаневски, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ и Коалицијата:

slika prvi oktПочитувани граѓани,

Во мојата програма има дваесет капитални проекти и стотина помали, бидејќи во Струмица како најпрогресивна општина во Македонија, отсекогаш, биле предизвик големите и храбри проекти. Така ќе продолжиме и во иднина.

Урбаниот мост меѓу стара и модерна Струмица е предизвик за мене и мојот тим.

Поради забрзаниот и актуелен развој на градот во делот кај касарната, во наредните четири години најголем акцент ќе ставиме на изградба на нова патна инфраструктура.

Планираме изградба на ново булеварско решение, кое ќе го поврзува градското јадро покрај Светиилијскиот канал, кој граничи со новиот урбан простор на касарната и Софилар и преку кој ќе се одвива комплетната сообраќајна поврзаност во границите на тој простор, продожувајќи кон населеното место Добрејци.

Новиот транзитен пат околу Струмица е уште еден од капиталните проекти.

Најголем акцент ќе ставиме на решавање на пристапните влезови во градот и тоа изградба на нова обиколница од клучката кај населеното место Куклиш покрај реката Тркања низ индустриската зона „ЈУГ“ во правец на населеното место Добрејци повзувајќи се со магистралниот пат А4 во должина од 5.800 метри.

Со тоа ќе се ослободи сообраќајот по булеварот „Климент Охридски“ и ќе се пренасочи движењето на тешките товарни возила. Исто така, „Климент Охридски“ ќе добие нов изглед со булеварско решение со четири сообраќајни ленти на потегот од „Жито Струмица“до клучката кај Куклиш.

Дека водиме грижа за животот на граѓаните во општина Струмица потврдува и проектот за изградба на доводен цевковод за сирова вода од акумулацијата Водоча до Филтер станицата во Струмица во вкупна должина од 8 километри.

За мене, како иден градоначалник на Струмица, значаен е проектот за изградба на подземниот премин од улицата „24 октомври“ до улицата „Ѓуро Салај“. И овој проект е еден од урбаните мостови меѓу стара и нова Струмица.

Почитувани граѓани,

Овие проекти носат живот за сите граѓани на општина Струмица. Затоа на 15 октомври со вашиот глас потврдете дека заедно со мене стоите зад овие проекти и стоите зад определбата за Живот во Струмица, ЗА СИТЕ!

 

Comments are closed.

maski1