ЈАНЕВСКИ: Со младите сакам да ја градиме иднината на Струмица

слика прес 30-9Почитувани граѓани,

Во овие предизборни денови Ви нудиме проекти со кои уште повеќе ќе ја разубавиме нашата Струмица и ќе го подобриме квалитетот на животот на сите ВАС и во градот и во населените места.

Ќе градиме детски градинки, старски дом, булевари и улици, ќе ги модернизираме училиштата, ќе го унапредуваме локалниот економски развој…

Но, што ќе ни е сето тоа, ако не ја направиме најважната работа. Да си ги задржиме децата тука. Заедно со нас, да ја градат својата иднина. Тука да им се радуваме на нашите внуци.

Затоа, драги млади струмичани, ВИЕ сте мојот приоритет. Ми треба вашиот младешки дух и креативност. Со ВАС, сакам да ја градам Струмица.

Ќе вложуваме во вас, ќе ги здружуваме бизнисите општината и граѓаните со единствена цел – нови и добро платени работни места.

Ќе посредуваме при вработување на едуцирани млади во бизнис секторот со ангажман од 6 месеци.

Преку стимулативни мерки за компаниите, ќе овозможиме вработување на млади лица на возраст од 18 до 29 години.

Со поддршката на старт ап  бизнисите за млади, ќе го поттикнеме претприемништвото  со што ќе се обезбедат одржливи вработувања за основачите и  лицата кои ќе се вработат во истите.

Општина Струмица ќе ги стипендира најдобрите 50 студенти од првата академска година. Со тоа ќе го дадеме својот влог во создавање на високо образовен кадар  кој му е потребен на локалниот економски развој.

Почитувани млади,

Еве уште еден проект со кој потврдуваме дека НИ ТРЕБАТЕ и имате посебно место во нашата програма.

Во комплексот на касарната ќе обезбедиме простории за нов младински културен центар. Таму ќе ги реализирате своите креативни идеи, ќе организирате културни настани и поактивно ќе се вклучите во реализацијата на сите општествени активности.

На 15-ти октомври, заокружете го бројот 19.

Со него обезбедуваме ЖИВОТ ВО СТРУМИЦА, ЗА СИТЕ!

Comments are closed.

maski1