Седмо издание на меѓународната манифестација „100 илјади поети за промена“ -Струмица

Седмото издание на меѓународната манифестација „100 илјади поети за промена“ ќе се одржи во сабота, 30 септември со почетокот во 20 часот во кино салата на кафе бар „Селект“ во Струмица.

22054577_10155707973432790_1897066365_nОва е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годишно се оддржува во стотици градови во светот, со повеќе од 500 најавени настани, меѓу кои е и Република Македонија уште од самиот почеток. Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира седмото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, на кое освен поетите од Македонија кои се застапени во традиционалниот зборник кој секоја година се издава и промовира како дел од самата програма, ќе учествуваат и специјалните поети-гости: Фахредин Шеху (Косово), кој во моментот е номиниран за Пулицеровата награда за литература за 2018 година, Вилијам С. Питерс и Маргарет Сејн (САД), Сотириос Пастакас (Грција), Иван Христов (Бугарија) и осум поети од Србија меѓу кои Стефан Митиќ и Немања Стојковиќ Блеки.22093737_10155707973407790_10750377_n

Програмата на манифестацијата започнува во 20 часот со отворање на изложбата на плакати од дизајнерите кои се дел од конкурсот кој секоја година е дел од програмата, за потоа да биде промовиран зборникот со поезија во кој се застапени повеќе од 60 автори кои учествуваа на претходно објавениот конкурс на кој беа пријавени околу 300 автори, за сето тоа биде проследено со поетско читање на поетите гости и авторите од Македонија меѓу кои Никола Маџиров, Наташа Сарџоска, Тихомир Јанчовски, Д.А. Лори, Стефан Марковски, Катерина Диманова и многу други.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика.

100 Илјади поети за промена се поддржани од годишната програма на Општина Струмица.

Comments are closed.

maski1