ЈАНЕВСКИ:Ги враќаме парите кај граѓаните

Прес конференција на Д-р Коста Јаневски, кандидат за градоначалник на Општина Струмица од редовите на СДСМ.


Почитувани граѓани,

Вие сте главниот приоритет во нашата изборна програма. Нашата цел е да овозможиме достоинствен живот за Вас и вашите семејства. Затоа што за нас секој е важен.

Еве како ќе го направиме тоа:

Ја активиравме спиралата на покачување на платите со зголемување на минималната плата на 12 илјади денари. Ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме ефтината струја  и со тоа ги враќаме парите кон граѓаните.

Ќе обезбедиме повеќа пари за општината и ќе ги пренасочиме кон Вас граѓаните.Преку проекти кои ќе ги реализираме во секое маало  ќе ги подобриме условите за живот слушајќи го гласот на урбаните и месните заедници.

Ќе вложуваме во Локалниот економски развој. Ќе ги здружуваме бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места.

Ја вклучуваме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината и воведуваме бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој.

Нудиме директна поддршка за домашните фирми, пред се за малите и средните претпријатија.

Обезбедуваме еднакви услови за домашните и за странските инвеститори.

Главна цел е поддршка на старт-ап бизниси за млади и поттикнување на претприемништво со отворање нови работни места.

Општина Струмица веќе го има ова искуство. Млади луѓе веќе ги искористија поволностите и ги почнаа своите бизниси.

Почитувани граѓани,

Ќе работиме посветено и одговорно за повисок стандард и благосостојба на сите.

За нас зборот е збор!

Носиме ЖИВОТ ВО СТРУМИЦА, ЗА СИТЕ!DSC_7965

Comments are closed.

  vtoro122