Д-р Јаневски:Ќе ја направиме Струмица уште попривлечна дестинација за домашните и странските гости

Кандитатот за градоначалник на општина Струмица, д-р Коста Јаневски и носителот на советничката листа, Марјан Даскаловски, од Социјалдемократскиот сојуз  на Македонија и Коалицијата, денеска, остварија средба со претставниците на угостителскиот сектор во Општината. На средбата, разговараа за актуелните состојби, но и ги дефинираа приоритетите со кои Струмица ќе стане уште попривлечна дестинација. Д-р Јаневски, го промовираше неговиот концепт за уште поголемо искористување на расположливите туристички и угостителски потенцијали.

22054605_1492887964143308_181609695_n-Нудиме Стратегија за активен туризам. Ќе го поддржиме учеството на туристички и бизнис форуми и саеми. Ќе ги поддржиме инвестициите и ќе ги поттикнеме угостителите да создаваат сопствена туристичка понуда, а ќе овозможиме да се подобри квалитетот на услугите во туризмот и угостителството преку обезбедување квалитетен кадар преку нова паралелка за угостителство во средното образование, рече меѓудругото д-р Јаневски.

 22053119_1492887960809975_936488443_n 22054605_1492887964143308_181609695_n 22091435_1492887947476643_560759792_n 22091448_1492887957476642_95613788_n 22091828_1492887950809976_1972413676_n 22127255_1492887954143309_537395128_n

Comments are closed.

maski1