ЈАНЕВСКИ:Градевме и ќе продолжиме да градиме по план и ќе обезбедиме инфраструктура за сите

22008224_1813846915322780_4071038766470337528_nПочитувани граѓани,
Градевме и ќе продолжиме да градиме по план и ќе обезбедиме инфраструктура за
сите. За општина Струмица да биде место за живеење со правилен урбанистички
развој и напреден простор потребен е континуиран процес на планирање.
Струмица ќе го добие својот урбан мост кој што ќе овозмозможи ново булеварско
решение кое ќе го поврзе градското јадро со просторот во касарната и месноста
Софилар и ќе овозможи раст на градот кон блоковите 39, 40 и 41, каде што граѓаните
ќе можат да градат објекти за индивидуално домување.
-За таа цел ќе го забрзаме процесот на легализација на бесправно изградените
објекти. Жителите конечно ќе ги уживаат бенефитите од урбанизацијата на овој
простор:со патна, водоводна и канализациона инфраструктура и јавно осветлување.
-Ќе градиме по план. Ќе ги намалиме разликите меѓу градот и населените места, ќе
донесеме урбанистички планови за сите населени места.
-Градејќи по план, не го забораваме локалниот економски развој кој ја вклучува и
бизнис заедницата. Реализирајќи ги деталните урбанистички планови во
индустриската зона ЈУГ: блоковите 15, 17, 18, 21 и 23 и следејќи ги новите мерки на
Владата на Република Македонија за поддршка на домашните инвеститори, ќе
овозможиме повеќе работни места и повеќе пари кај граѓаните.
Нашите ветувања се реални! – изјави Коста Јаневски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ на денешната прес конференција.
#ЗборотEЗбор
#ЖивотВоСтрумица
#ЗаСИТЕ
#ЗаБрој19

Comments are closed.

maski1