Афоризми на Костадин Устапетров, дел 14

Тешко вам ако во бракот ви влезе олеснувач.

 

kostadinСтавот им е цврст, ама аргументите им се ептен меки.

 

Политичарите се луѓе кои прво велат „оп’’, а потоа – не скокаат.

 

Трите прасиња кои се спасија од волкот, за жал не куртулија од човекот.

 

Таму каде се сади омраза, никнува оружје.

 

Зад секој успешен маж стои жена, а зад секоја успешна жена стои – бебиситер.

 

На правдата и се врзани очите, за да не гледа како и ги полнат тасовите.

 

За да бараш човекови права, треба да имаш барем нешто човечко.

Comments are closed.

maski1