Легендата за Струма…

Дали имате чуено за легендата за Струма и за ,,Гробот на Струма’’ кој се наоѓа недалеку од селото Баница, во близина на Струмица?

Постојат неколку верзии за неа, се зборува дека била сестра од Крале Марко, друга верзија кажува дека била роднина на Александар Македонски, но најпознатото предание говори дека Струма била ќерка на Тибериј, заповедникот на Струмичката тврдина. Таткото многу ја сакал својата ќерка и мислел дека таа е безбедна во добро утврдениот град кој многу непријатели  не можеле да го освојат. И не успеале се до моментот кога младата и убава Струма се заљубила во византискиот водич и му ја открива тајната за неосвојивоста на Стурмичката тврдина. Поради оваа предавство, татко и ја проколнал, кога таа ќе умре, девет пати да биде закопувана и девет пати нејзиното тело да биде исфрлано од земјата, што се поврзува со деветте слоеви делкан камен – бигор од кој е изградена гробницата, наречена ,,Струмин гроб’’.

Досега не е докажано дека овој е вистинскиот гроб на Струма, па ни останува да веруваме во некоја од легендите…

DSCN4019

 

Comments are closed.

maski1