Кривична пријава за струмичанец за сторено кривично дело „насилство“ во угостителски објект во Струмица

Полициската станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична  пријава против И.У. (29)  од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавениот на 03.09.2017 година околу 01.00 часот во угостителски објект во Струмица ги малтретирал и им се заканувал на присутните гости и вработените. Во еден момент со скршено стаклено шише замавнал кон вработениот М.Р. и му нанел расекотина во пределот на левата страна од вратот.полиција

Comments are closed.

maski1