КОСТАДИНОВ: Вмро-Дпмне се обидува со стари и истрошени „финти“ да ја замајува струмичката јавност

Од ВМРО ДПМНЕ ништо ново. Уште на вториот ден од кампањата за Локалните избори, оваа партија се обидува со стари и истрошени „финти“ да ја замајува струмичката јавност. Носителот на листата од редовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ, денес истакна деке Општината не реализирала многу ветени проекти, а спомна само четири. – стои во писмената реакција од Костадин Костадинов, в.д Градоналачник на Општина струмица.коста

Вистината вели дека ветената сообраќајница во близина на градскиот парк,  не е ставена на одлучување пред Советот на општина Струмица, по барање на граѓаните кои живеат во тој дел на градот. Загрижувачки е тоа да не го знаат оние кои сакаат да станат советници, а за тоа можеле да го прашаат и нивниот кандидат за градоначалник кој од бизнис интереси поврзани со неговиот угостителски објект, е еден од оние кои се против таквиот проект.

Што се однесува до мултинаменскиот пазар, повеќе пати е одговорено дека овој проект не е реализиран по вина на претходната Влада на Република Македонија, која не ја отстапи касарната на општина Струмица, за разлика од сите останати, а токму таму беше предвидено да се гради споменатиот пазар.

За панорамското поврзување со Цареви кули, Општина Струмица изготви физибилити студија за поставување искосен лифт, како и документација  за финансиска одржливост и проектна задача за апликација, но претходната власт, како и мнмогу пати порано, ги затвори фондовите за Општина Струмица, за таа намена.

И за крај, вистинско фијаско за ВМРО ДПМНЕ е ноторната лага дека изградбата  на Соборниот храм во Струмица е ветен проект на Општина Струмица.

Вистината е таа. Останатото им го оставаме на оние кои се скарани со неа.

Comments are closed.

maski1