Здружението Рефлексија од Струмица ве поканува на работилница “Фриленс Работа”

Здружението Рефлексија од Струмица ве поканува на работилница “Фриленс Работа“, која ќе се одржи на 30 Септемврисабота во просториите на СОУ „Јане Сандански” Струмица, со почеток во 10:00 часотPOSTER RABOTILNICA_FINAL

Работилницата има за цел да ги воведе младите во ваквиот тип на работа како алтернатива на стандардното вработување и исто така како можност тие самите да работат на збогатување и надоградување на сопствените вештини и способности.

На самата работилница учесниците ќе добијат одговори на следниве прашања:

- Што е фриленс работа?

- Можам ли да работам фриленс во Струмица?

- Какви вештини ми се потребни?

- Како да им пристапам на работодавачите?

- Како би требало да изгледа профил на фриленс платформите?

Искусни фриленсери од нашата Општина ќе споделат искуства и знаења кои ќе бидат доста корисни за секој почетник во ваквиот тип работа.

Активноста е дел од проект на Рефлексија за унапредување на можностите за работа на младите во Струмица, а финансиски поддржан од Програмата Г1 на Одделението ЛЕР – трансфер до невладини организации при општина Струмица.

Comments are closed.

maski1