Згответе со љубов! Вкусна струмичка млечна кифла

Започнете ја неделата со превкусни домашни млечни кифлички по рецептот на вашите баби. Покрај тоа што ќе ви го привлечат погледот, откако еднаш ќе пробате млечни кифлички, постојано ќе си наоѓате повод по кој ќе ги правите. Еве ја рецептата:

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Потребни состојки:

- 1 кг.  бело брашно

- 500 мл. млеко

- 40 г. квасец

- 200 мл. масло за јадење

- 100 г. шеќер

- 1 мало лажиче сол

Начин на подготовка:

Состојките се стават во сад и се замесуваат  убаво се додека не се добие изедначено меко тесто. Добиеното тесто се покрива и се остава да стаса околу 20 минути. Од тестото се одделуваат топчиња од кои се развива мала кора која се ролува во кифличка. Кифлите се редат на веќе подмачкан плех и покриени се оставаат на топло околу 20 минути. Стасаните кифли се печат на температура од 220 до 250 степени во зависност од печката.

Добар апетит!

Lalakifli1

 

 

 

 

 

 

Comments are closed.

maski1