ДАСКАЛОВСКИ: Ве повикувам утревечер во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“ на нашата Конвенција

Марјан Даскаловски, носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата на денешната прес конференција ги покани струмичани на Конвеција утревечер во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“DSC_3574

 

 

 

Почитувани граѓани,

Се наоѓаме пред нов и голем предизвик. Повторно одлучуваме за нас и иднината на нашите деца. Струмица, секогаш знаела да го направи вистинскиот избор. ВЕРУВАМ, дека така ќе биде и на 15-ти октомври.

Струмица издржа кога беше најтешко. Победуваше под режимот на Груевски. Бевте со нас кога ви се закануваа, заплашуваа, бркаа од работа, ви кратеа субвенции, социјална помош. Но, не се плашевте, бевте храбри и секогаш на вистинската страна. Сега имате уште поголем мотив.

Груевски и фамилијата не се повеќе власт во Македонија. Цел свет виде и слушна дека се криминалци, кои цели 11 години се богатеа на грбот на граѓаните. Ја руинираа државата, го осиромашеа народот, сееа поделби и омраза.

Но, успеавме заедно, предводени од нашиот Зоран Заев, да отвориме нова страница за Македонија и за нас. Затоа на 15-ти октомври да им го кажеме и последното ЗБОГУМ и да ги испратиме таму каде што им е местото и НИКОГАШ повеќе, злото, ВМРО ДПМНЕ, да не и се повтори на Македонија.

Почитувани граѓани

Ве повикувам, утревечер во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“ на нашата  Конвенција, на која ќе ги промовираме кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членови на општина Струмица од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата.

Дојдете да ја слушнете нашата програма, нашите проекти и нашата визија за иднината на Струмица. Со нив ќе има, ЖИВОТ ВО СТРУМИЦА, за СИТЕ! – изјави Даскаловски на денешната прес конференција.

Comments are closed.

maski1