Турново гостува во Радовиш кај Плачковица

Фудбалерите на Хоризонт Турново кој имаат очаен старт на сезоната во сабота гостуваат во Радовиш, кај екипата на Плачковица.

Некогашниот прволигаш Турново има тешка задача на градскиот стадион во Радовиш, да дојде до својата прва победа, но и својте први бодови. „Турновци“ во досегашниот тек од сезоната немаат ниту еден освоен бод, со нула бодови се на последното 10. место од табелата во Втората лига Исток.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 4

Плачковица со три бода се наоѓа на седмата позиција на табелата. Радовишани на три одиграни натпревари, имаат една победа од првото коло против Саса со резултат од 2:1, потоа следуваа поразите од Беласица (1:2) и од Осогово во Кочани (2:1).

Плачковица ќе биде благ фаворит во однос на гостите од Турново, пред се поради тоа што играа на домашен терен и пред својата публика, но останува да видиме дали Хоризонт Турново конечно ќе одигра еден добар натпревар и ќе дојде до својте први бодови.

Натпреварот се игра во сабота со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

maski1