Промотивно видео за бизнис можностите и потенцијалите за инвестирање во општина Струмица

Општина Струмица го поддржува новиот тренд на одржлив развој, преку поддршка на малите и средна претпријатија и идентификување на можностите и потенцијалите за инвестирање во регионот.Capture Одделението за Меѓународна соработка и Европски фондови, во рамки на спроведување на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К”, посветено работи на унапредување на овие процеси преку различни активности, а една од нив е промотивното видео посветено на „Бизнис можностите и потенцијали на општина Струмица”. Во фаза на изработка е „Водич за бизнис можности и потенцијали за инвестирање во општина Струмица”, како и „Каталог на извозно ориентирани претпријатија”. Преку овие активности, општината се труди да го сврти вниманието на инвестициската јавност кон себе и да се промовира како интересна бизнис дестинација.

Comments are closed.

maski1