Беласица против Осогово на домашен терен

Екипата на Беласица на „Младост“ ќе ги одбери силите со Осогово од Кочани, во натпревар од 4. коло од Втората македонска фудбалска лига Исток.

Беласица е единствениот клуб кој засега во Втората лига Исток и но во Запад е со 3 последователни победи од стартот на новата сезона.

Belasica - Tikvesh - 12.09.2017

Со 9 бодови струмичани се први на табелата, додека Осогово со 6 бода, е на четвртото место на табелата.

Беласица во досегашниот тек од сезоната има постигнато 6 погодоци, а имаат примено два. Гостите од Кочани имаат постигнато 4 гола, а примиле три.

Натпреварот се игра со сабота со почеток од 15:30 часот.

 

Comments are closed.

maski1