Академија Пандев со сигурна победа над Пелистер

Екипата на Академија Пандев со резултат од 2:0 го победи битолски Пелистер на домашен терен, во натпревар од 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините до својата трета сезонска победа дојдоа откако во вториот дел од натпреварот, ги постигнаа двата погодоци.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-2

Пандевци со 11 бодови се на втората позиција во Првата лига, додека Пелистер сега се сели на петтото место со 8 освоени бодови.

Во следното 7. коло од најсилното фудбалско натпреварување, Академија Пандев му гостува на Работнички, клуб кој е пласиран на седмата позиција, додека Пелистер има тежок натпревар на домашен терен против шампионот Вардар.

Натпреварите се играат со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

maski1