10 причини зошто да го оставите пушењето уште денеска

За штетноста на пушењето се знае толку многу, но проследете ги и следниве 10 причини зошто никогаш не би требало да почнете да пушите или ако пуште што побргу да престанете со таа нездрава навика.

No smoking

  1. Од цигарите секогаш ќе имате непријатен здив во устата од кој е многу тешко да се ослободите, без разлика на тоа колко и да се трудите.
  2. Фраерот од рекламата за Малборо, починал во 1997 година од рак на плучата. Треба ли посебно да се нагласи дека тој, Вејн МекЛарен, бил страствен пушач.
  3. Истражувањата покажаа дека скршените коски побавно задравуваат кај пушачите.
  4. Пушачите имаат студени стапала и раце поради бавната циркулација на крвта.
  5. Со цигара во рака нема ниту малку да изгледате кул или привлечно. Има стотина други начини за тоа.world-notobacco-day
  6. Ако некогаш сте имале можност да слушнете пушачка кашлица кај стари луѓе, добро размислете дали сакате и вие да звучите така некој ден.
  7. Ако пушите, заборавете на бисерната насмевка! Забите на пушачите побргу крварат, лесно пожолтеваат и порано почнуваат да испаѓаат за разлика од забите на непушачите.
  8. Непушачите секогаш ги добиваат најдобрите места во рестораните.
  9. Пушењето е погубно за вашиот новчаник. Ставете на хартија колку трошите секој месец за цигари и помножете со 12. Тие пари на крајот на годината би можеле попаметно да ги искористите, зар не?
  10. Истражувањата покажаа дека пушењето го забрзува стареењето – пушачите изгледаат најмалку 1-4 години постари за разлика од непушачите на иста возраст. Така да, ако не сакате брчки на вашето лице, фрлете ја цигарата.

no smoking 1

 

Comments are closed.

maski1