Дали ја знаете легендата која се крие позади Струмин гроб?

Струмин гроб е средновековен гроб, кој се наоѓа на околу 3 километри западно од градот Струмица, во близина на селото Баница. Изграден од девет слоеви делкан бигор, гробот е висок 230 самтиметри, широк 240 сантиметри и долг 400 сантиметри.

струмин гроб 1

Според легендата, гробницата припаѓала на Струма, ќерка на некој заповедник на Словените на Струмичката област. Гробот што се наоѓа во непосредна близина на селото Баница и денеска сведочи за познатата легенда за убавата Струма која го предала својот татко заради љубовта кон еден од војсководците кои сакале да го потчинат нејзиниот народ. Според оваа легенда, градот бил нападнат од силна византијска војска, но никогаш не успеале да го освојат.

Занесена од убавината на војсководецот, Струма му ја открила тајната како војниците да се качат до неосвоивите Цареви кули. Таа ги советувала да им ги заковат потковиците на коњите наопаку за полесно да се искачат по стрмните падини. На тој начин византијците ја освоиле тврдината, а таткото ја проколнал ќерка си: кога ќе умре, земјата девет пати да ја исфрли од гробот. Деветте слоеви делкан бигор, легендата ги поврзува со деветте исфрлувања и погребувања на Струма.

Дали легендава е точна или гробот си има своја посебна историја оставаме Вие да одлучите.

струмин гроб 2 струмин гроб 3 струмин гроб 4

Comments are closed.

maski1