Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Потребно е малку за еден проект да стане реалност – Лични и образовни асистенти на ученици со попречености вклучени во редовниот образовен процес” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Струмица.

работаЕвидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
1. За позиција личен асистент
- млади лица до 29 години со ниски квалификации
- невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година
- млади невработени лица, активни баратели на работа,евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци
2. За позиција образовен асистент
- млади лица до 29 години со високи квалификации
- високата квалификација да биде во обемот на Педагошки струки
- невработени лица,активен барател на работа, евидентирани во АВРМ најмалку 1 година
- млади невработени лица на возраст од 18-29 год, активен барател на работа најмалку 6 месеци
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- 10 (десет) лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес;
- 5 (пет) образовни асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес;

Заинтресираните невработени лица можат да подигнат и поднесат Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ во Агенција за вработување- Центар за вработување Струмица во периодот од 14.09.2017 година до 19.09.2017 година.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Струмица и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Струмица кај лицето Софче Иванова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Струмица кај лицето Ксенија Вангелова, Центар за социјална работа Струмица кај лицето Ристо Стаменов.

Comments are closed.

maski1