Турново декласиран на домашен терен од Тиквеш

Екипата на Хоризонт Турново со очаен стар на новата сезона, го доживеаа и третиот последователен убедлив пораз.

„Турновци“ на „Кукуш“ беа немоќни да го запрат Тиквеш. Клубот од Кавадарци беше пресилен и со 2:5 ја остварија својата втора сезонска победа.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 4

Турново останува на дното од табелата со нула бодови, додека Тиквеш е на третото место со 6 бодови, исто колку што има и Кожув од Гевгелија кој е на второто место на табелата.

Во следното коло, Турново гостува во Радовиш кај Плачковица, додека Тиквеш е домаќин на Победа од Валандово.

 

Comments are closed.

maski1