Академија Пандев ремизираше против Победа во Прилеп

Екипата на Академија Пандев одигра нерешено 2:2 на гостувањето во Прилеп кај Победа.

Пандевци на два пати имаа предност, но сепак домаќините успеа на крајот да извадат бод.

Шкендија - Академија Пандев - Тетово - 27.08.2017-2

Во првиот дел од натпреварот, гостите преку Дориев во 20. минута дојдоа до водство од 0:1. Илијоски во 42. минута израмни на 1:1.

Во второто полувреме, Пандевци повторно дојдоа до водство од 1:2, стрелец беше Грифони во 55. минута. Победа во 84. минута преку Шаркоски израмни на 2:2, што воедно тоа беше и конечниот резултат.

Академија Пандев со 8 бода е на третото место на табелата, додека Победа со 5 бода е на осмата позиција.

Во следното коло Академија Пандев е домаќин на Пелистер, додека Победа гостува кај последно пласираниот Работнички.

Comments are closed.

maski1