Собранието го донесе Законот за зголемување на минималната плата

Собранието на Република Македонија во поладневното продолжение на 12. седница со 70 гласа „за“, без воздржани и против го донесе Законот за зголемување на минималната плата, со кој официјално треба да започне исплатата на минималната плата во износ од 12.000 денари.sobranie-sala-t

Зголемувањето на минималната плата ќе се однесува на сите работници, односно таа ќе треба да биде исплатена и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки. За таа цел, месечно ќе се одвојуваат 1,5 милиони евра буџетски средства со кои ќе се поддржуваат компаниите да го исплаќаат овој износ на минимална плата.

Според пратениците од СДСМ со Законот се враќаат парите кај граѓаните со ниски приходи, ќе придонесе само да има правилна распределба на приходите и граѓаните да се чувствуваат рамноправни, додека со субвенционирање ќе се покријат 70 проценти од трошоците на работодавците за исплата на минималната плата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор: А1он.мк

Comments are closed.

maski1