Беласица минимално ја победи Саса

Беласица со минимален резултат од 1:0 ја победи Саса од Македонска Каменица на „Младост“ во Струмица, во натпревар од третото коло од Втората лига Исток.

Фудбалерите на Беласица ја остварија својата трета победа, и со 9 освоени бодови се на првото место на табелата.

Belasica - Plachkovica 26. kolo Treta liga - ISTOK

Беласица е единствениот клуб кои се уште нема доживеано пораз, ниту пак реми.

Саса со третиот пораз во низа е на деветтото место на табелата со нула бодови.

Во следното коло Беласица е домаќин на Осогово, овој натпревар ќе биде дерби натпревар, додека Саса е домаќин на Брегалница, каде штипјани се фаворити за победа.

Натпреварите стартуваат со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

maski1