Уредни нокти, уредна кожа

Кога кожата на рaцате е особено чувствителна, таа бара посебен третман – тогаш ви е потребна парафинска купка која има ефект на сауна, ги отвара порите на рацете и ја подобрува циркулацијата, по која рацете се меки и мазни, а кожата нахранета.

home remedies for beautiful skin care healthier skin

Третманот на рацете започнува исто како и кога се негува лицете, со нежен пилинг, а потоа следува парафинската купка, хранење на кожата и на крај масажа. Резултатот се негувани раце и нокти.

Пилинг

Отстранете ги мртвите клетки од кажата за да го извлечете максимумот од хранливоста на кремот. За тоа најдобро ќе ви послужи силен полинг за тело (со крупни гранули).

afc5ef1e42440009aed9e67f2a55676b

Купка[sociallocker]

Парафинската купка е наменета за интензивна нега, влажнење и стимулација на длабинскиот слој на кожата и по неа кожата е особено мека и мазна. Парафинската купка најдобро е да се користи по маникир или педикир и по темелното чистење на кожата, која исто така вклучува отстранување на мртвите клетки од епидермот (пилинг). Исто така е особено благоторна за намалување на ревматските тегоби. Се почнува темелно миење и дезинфицирање на рацете или нозете. Парафинската купка се загрева најмногу до 50 Целзиусови степепени. Рацете и нозете се потопуваат до зглобовите, односно глуждовите. Потоа за момент се вадат од купката, и повторно се потопуваат и оваа постапка се повторува 5 пати, се додека не се формира слој на восок (парафин). Потоа на рацете или нозете се става пластична кеса, а преку неа фротирска ракавица за топлината што подолго да се задржи. Кога восокот ќе се олади и ќе стане непроѕирен, се отстранува. За овој третман се потребни 20 минути, а нема да пречи да потрае и подолго.

Масажа

Масажата на рацете треба да биде нежна и таа претставува увертира во негата. Се масира прст по прст, а потоа се преминува на дланката.

hkh

Крем

Идеално кремот за раце да се нанесе непосредно пред спиење, но во комбинација со памучни ракавици. На тој начин се претвара во целоноќна маска.

Соодветен прибор

Ноктите требa да се скратуваат и обликуваат секои десет дена со помош на многу остра грицкалка (ножиците моќат да го свиткат ноктот и да го оштетат). За обликување на ноктите користете хартиена турпија . Потоа површината на ноктот истријте ја со мека ткаенина, по што ќе можете да нанесувате лак.

Автор: Александар Ванев

[/sociallocker]

Comments are closed.

maski1