Турново против Тиквеш на домашен терен

Фудбалерите на Хоризонт Турново утре на „Кукуш“ ќе ги одмерат силите против Тиквеш од Кавадарци, во натпревар од 3. коло од Втората лига Исток.

Екипата на Турново очајно ја започна новата сезона во Втората лига Исток. Во првите две кола „Турновци“ имаат два убедливи порази. Првиот од Брегалница со 1:3, додека вториот од Кожув во Гевгелија со резултат од 3:0.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 4

Тиквеш е на седмата позиција со 3 освоени бодови. Во првото коло клубот од Кавадарци реализираше победа над Осогово со 2:1, додека во второт коло на „Младост“ беше поразен со 3:1 од лидерот на табелата Беласица.

натпреварот се игра утре со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.

maski1